(ВИДЕО) Гласини – Љубовницата на Владимир Путин родила близнаци: Цел спрат реновиран за неа!

Бившата руска гимнастичарка Алина Кабајева, за која се зборува дека е во долгогодишна врска со рускиот претседател Владимир Путин, наводно родила близнаци, пишуваат руските медиуми.
Алина по ова прашање не се огласувала во медиумите, а Кремљ никогаш не говори за приватниот живот на рускиот претседател. Извори блиски на Кабајева рекла дека не сака да ги коментира гласините.
Според пишувањето на руските медиуми, цел спрат во истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перионтологија порано овој месец бил среден за да тука се смести бившата гимнастичарка и пратеничка од партијата на Путин.
Еден од водечките весници во Москва на својот портал ја објавил оваа приказна, која после била ненадејно избришана. Сергеј Канев, истражувачки новинар кој е близок со руските обавештајни служби, истакнува дека Алина родила близнаци.


Бил информиран дека е ангажиран голем број офицери од службата за безбедност кои го прегледале секој агол од родилиштето пред нејзиното доаѓање. „Половина медицински персонал е исфрлен од ова оделение“, рекол новинарот повикувајќи се на сопствен избор.
Познат лекар од Италија бил тој кој помогнал при породувањето, со асистенција на познат академик, директор на медицински центар.
„Мајката роди две момчиња. Мораше да се направи царски рез“, рекол новинарот.
Наводно, раѓањето на близнаците не било споменато во медиумите кои ги води Кабајева, а која е сега директор на Националната медиумска група. Приказната првично била откриена на сајтот Dom2Life кој го контролира бизнисменот Александар Карманов. Веста е објавена на 12. мај кога на Кабајева и бил роденден. Интригантно е тоа што Карманов е близок на олигархот Аркадиј Рутенбург, еден од најстарите пријатели на Путин.
Извештајот за раѓањето на близнаците е самоуште една приказна повеќе за Алина која последните месеци се појавила во руските медиуми. Еден медиски аналитичар вели дека му се чини дека против неа наводно се води кампања, но дека не му е јасно кој стои зад сето тоа. Една од теориите е дека потекнува од Украина,која со Русија не е во добри односи од 2014. година.


И покрај приказните дека Кабајева е тајна прва дама на Русија и дека е наводно во врска со Путин, веќе неколку години, таа ретко се појавува во јавност. Не е видена од октомври минатата година, кога ја одбранила докторската теза за обучување на претшколски деца во ритмичка гимнастика.
Последните години Кабајева повеќе пати демантирала дека има деца, но тоа не ги прекинало трачевите дека таа има тајна врска и семејство со Путин. Некои медиуми пренесуваат дека Кабајева, наводно, во јануари оваа година отишла во Швајцарија, а дека со неа било тригодишно дете, кое е нејзино и на Путин. Во 2015. година исто така доста се пишувало дека Кабајева се породила и дека на една клиника во Швајцарија на Путин му родила син.

Екран.мк/Daily mail


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …