Починал славен глумец: Добил фатална доза дрога за силување – Се сомнева на убиство!

Ерик Мичелс е пронајден мртов во својот дом во Лондон откако му била вбризгана прекумерна доза на ГХБ, гама-хидроксибутерна киселина, која илегално се користи како „дрога за силување“.
25. годишниот Жерард Матов, наводно, му дал фатална доза, откако дошол во домот на глумецот, а го пронашле на социјалната мрежа за запознавање на припадниците на ЛГБТ популацијата, „Гриндер“. Жерар и неговиот соработник Брендон Донбар се обвинети дека злоставувале 12. мажи кои ги запознале преку гореспоменатата мрежа, а целта им била да ги ограбат.
Глумецот, откако во 2010. година се развел од сопругата, имал неколку долги врски, но во последно време се чувствувал осамено, пишуваат британските медиуми. Мичел во својот дом го поканил Жерард на се*с, а Матов во текот на ноќта ја фотографирал кредитната картичка на глумецот, но и возачката дозвола и други лични документи.


Членовите на семејството на глумецот,кој пред неколку години се појавил во филмот за Џемс Бонд, „Скајфол“, утрото го пронашле неговото тело, а обвинетиот е идентификуван преку ДНК анализа од траги на шприцот.
Мат признал дека таа ноќ бил со Ерик, но негира дека го убил, додека на судот биле приложени докази дека Жерард и неговиот соработник, помеѓу останатото, на една од жртвите и вбризгале дрога во грбот, без негова согласност. Судењето е во тек.


Екран.мк/Daily mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …