(ВИДЕО+ФОТО) КОНЕЧНО СРЕЌА: Кијану Ривс во јавност со девојката!

Еден од најтажните холивудски актери со тежок живот се чини конечно доживува малку среќа…
Да, мислиме на Кијану Ривс, човекот кој покрај успешната филмска кариера во приватниот живот го следеа голем број трагедии, но се чини дека тоа е конелно зад него…


Киану Ривс првпат ја покажа девојката, помлада е од него 9. години.


На вчерашната филмска гала вечер во Лос Анџелес, актерот Киану Ривс на црвениот тепих прошета држејќи се за рака со неговата девојка, сликарката Александра Грант. Ова е една од ретките прилики Ривс во јавност да го изнесе приватниот живот.


Актерот (55) и 46-годишната уметничка се знаат од 2011 година, а работеле заедно на две поетски книги кои Ривс ги напиша, а Грант ги илустрираше.


Нивното појавување на црвениот тепих предизвика многу реакции во јавноста, а многу од нив велат дека на прв поглед помислиле дека станува збор за Хелен Мирен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …