(ВИДЕО+ФОТО) Искрено со портпаролката Богданка Кузеска:„На децата им е кул што не сме во брак со Горан, ама ако се умни ќе се венчаме“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, пред да влезе во политиката беше новинар. И денес за себе вели дека е новинар, иако работата како портпарол е поголем предизвик.

На прашањето како е да се биде жена во политиката вели: „Потешко од тоа да си маж. Кога мажот е строг и ќе пресече нешто со збор, тој е професионалец. А жените кога ќе викнат, за жал, или се кучки или се хистерични или емотивно не исполнети”.


This image has an empty alt attribute; its file name is bogdanka-kuzeska-3.jpg

Не ретко била мета на говор на омраза, невкусни коментари, закани. „Ме боли кога тие коментари ќе ги прочита мајка ми, сопругот, татко ми. Сум добивала и заканувачи пораки во два ноќе, па се научив да се носам со тоа”, искрена е Кузеска.


Онаа другата страна за неа, за која малкумина знаат, е многу интересна. Мајка на два сина, стружанка која по традиција прво учела да плива на Дрим, а стигнала и до Дунав.

This image has an empty alt attribute; its file name is bogdanka-kuzeska.jpg


„Ние стружани во езерото не се бањаме, прво во Дрим пливаме. Тоа е традиција. Но, да ти кажам, сопругот е од Кладово на граница со Унгарија, па затоа и имав прилика да пливам во Дунав. Побрзо оди водата и поголем е предизвикот”, раскажува Кузеска.

Десет години е во љубов со Горан кој е музичар, со кого се запознале на свирка. Тие се во неформален брак.

This image has an empty alt attribute; its file name is bogdanka-kuzeska-2.jpg

Неформален брак е одлука која не си ја кажал со збор, ама се случила. Стигнавме до веридба, а ние секако си се нарекуваме сопруг и сопруга. Имаме две деца и обврски кон нив,” вели Кузеска за „Репортер”.
Со Богданка зборувавме сешто. Од црвениот кармин кој не може да го стави за на прес, до името за кое низ насмевка вели „едвај го кажував од срам”, за неформалниот брак, и дали родителите ја тераат да се венча, зборуваме и за говорот на омраза, заканувачките пораки, времињата кога беше новинар… гледајте го интервјуто.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …