(ВИДЕО) Навивач се обидел да запроси девојка на натпреварот, ова не го очекувал: Не би биле во негова кожа

За време на натпреварот помеѓу Партизан и Зенит во Суперкупот на ВТБ лигата кој се одржува во Русија, еден од навивачите се обидел да ја запроси својата девојка.
Во средината на првата четвртина, додека Партизан водел од 14:4, двојката се појавила на големиот екран во салата.
Навивачот потоа клекнал со прстенот пред својата девојка, која одмавнала со главата и ја ставила кутијата со прстен пред себе.


Мажот потоа станал и се тргнал од кадарот додека девојката го покривала лицето со рацете.
„Не би биле во кожата на овој човек“, стои во описот на видеото кое се шири на социјалните мрежи.
„Јавните запросувања ретко се добра идеја“, заклучува еден твитерџија.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Убавина и успех – Како изгледа денес најубавата девојка на светот? Таа се занимава со манекенство и глума!

Русинката Кристина Пименова на 9-годишно девојче е прогласена за најубаво девојче на светот, а денес …