(ВИДЕО+ФОТО) ДОДЕКА КИНА СЛАВИ – Како Европа се справува против коронавирусот: Италијанците пеат, Данците во паника, Шпанците се борат…

Во многу европски земји владее страв дека најлошото допрва треба да дојде
Со навивачки песни од балконите на Италијанците, во карантин, од Неапол се храбрат едни со други. Повеќе од 15.000 луѓе биле заразени со коронавирус, со над 10 смртни случаи.


Solo a Napoli ste cose💪💪💪forza Italia❤️


Gepostet von Michele Mignano am Donnerstag, 12. März 2020

Сцените од Данска се малку различни: редици на касите а стока се помалку и помалку. Причината за паниката е повеќе од јасна: има скоро 800 пациенти во Данска, со 114 нови случаи пријавени за само еден ден.



Германија известува за уште 372 заразени, така што сега се воведува забрана за собирање на помалку од 1.000 луѓе, а германската канцеларка Ангела Меркел рече: „Бројот на заразени лица рапидно расте, поради што донесовме одлука денес која е подрастична отколку во изминатите денови. Сообираеата и собирите треба да се избегнуваат секогаш кога е можно “.

Франција, која има скоро 3.000 заболени луѓе од понеделник нема да работат училиштата, ги уверува своите граѓани дека каков и да е нивниот карантин, тие нема да останат без плата. Министерот за финансии Бруно ле Мер рече: „Сите оние кои имаат работа нема да изгубат ниту цент. Државата ќе ги надомести загубите околу платата, без оглед на висината на платата. Денес ние сè уште сме ограничени на минималните плати“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …