(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ТАЖНА ПРИКАЗНА – Италијански актер останал, со денови, со телото на неговата сестра која починала од коронавирус…

Состојбата во Италија не се смирува и веќе достигна 17.660 случаи на заразени со коронавирус, како и 1.266 смртни случаи…Со тоа Италија останува центар на заразата во Европа…што пак од друга страна донесува и многу тажни животни приказни…
Италијанскиот актер и фитнес тренер Лука Францезе ги шокирал своите следбеници на социјалните мрежи откако објавил шокантно видео на кое се гледа мртвото тело на неговата сестра, која починала од коронавирус.
Лука, кој се појавил во италијанската криминалистичка телевизиска серија „Гомора“, тврди дека неговата сестра Тереза ​​починала во нејзиниот дом во Неапол во саботата каде и била дијагностицирана COVID-19.
„Сестра ми почина вчера, веројатно поради вирус. Луѓе, не успеавме. Италија нè напушти“, вели тој во првото видео што го објавил пред неколку дена.
Еден ден подоцна, тој открил дека уште тројца членови на неговото семејство биле заразени со коронавирус. „Кошмарот продолжува“, вели тој.
Франчезе открил и дека неговата сестра страдала од епилепсија и била тестирана за коронавирус само затоа што нејзиниот брат инсистирал таа да биде тестирана. Откако пристигнале резултатите, целото семејство било ставено во изолација.


Aiuto le istituzioni mi hanno abbandonato

Gepostet von Luca Franzese am Mittwoch, 11. März 2020


Италијанските медиуми исто така објавија дека од 8 март., локален политичар успеал да пронајде погребален дом за телото на починатата Тереза. Откако видеото на Лука се раширило на социјалните мрежи, персонал од погребалното претпријатие дошло во неговиот дом и го земал телото. Тереза, пак, била погребана, без присуство на нејзиното семејство.

Извор: интерактивна мапа на Универзитетот „Џон Хопкинс“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …