(ВИДЕО+ФОТО) Џенифер Анистон открила како се справила со болниот развод од Бред Пит: „Прво отидов на терапија!“

Во најновата емисија Елен Деџенерис, која по 19 години го завршува своето ток-шоу, беше домаќин на актерката Џенифер Анистон, која се присети на еден од најболните периоди од нејзиниот живот. Тоа била кобна година во 2005. година кога нејзиниот живот се превртел наопаку.

This image has an empty alt attribute; its file name is jenifer-i-elen.jpg
Џенифер Анистон гостуваше во емисијата на неповторливата Елен Деџенерис, која ги разочара гледачите ширум светот со одлуката да го затвори своето популарно ток-шоу по 19 години.


This image has an empty alt attribute; its file name is jenifer-kaj-elen-2.jpg

Во центарот на вниманието овој пат беше ѕвездата на „Пријатели“ која целосно си ја отворила душата и се потсетила на еден од најлошите периоди од нејзиниот живот, кога раскинала со актерот Бред Пит. Во исто време, таа го завршувала снимањето на нејзината десетгодишна авантура со „Пријатели“ и се нашла на раскрсницата на животот целосно уништена.


– Така, се разведував и отидов на терапија, започнала секогаш веселата и насмеана Анистон и потоа продолжила.


– И тогаш имав можност да играм во филмот „Прекин“. Некако бев на работ, но потоа си реков дека ќе свртам се во моја корист. Ова нека биде ново поглавје во мојот живот. Свртев нова страница, ги завршив старите работи и одеднаш сè функционираше одлично.

Денес 53-годишната актерка е исполнета и среќна, таа е една од најбараните во Холивуд, опкружена со блиски пријатели кои ги запознала за време на нејзината долга кариера. Таа е во прекрасни односи со поранешниот сопруг Пит, со кој беше во брак четири години.

This image has an empty alt attribute; its file name is jenifer-kaj-elen.jpg

Да потсетиме, Пит и Анистон поднесоа барање за развод во јануари 2005. година за да го финализираат во октомври истата година. Во исто време, актерот имаше врска со својата колешка Анџелина Џоли, која ја запозна за време на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“.

Фото: Принтскрин/You EllenTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …