Братучедот на неговата сопруга изјавил дека верува дека Џо умрел од скршено срце бидејќи не можел да ја поднесе загубата на сопругата со која бил повеќе од 25. години.
Наставничката Ирма Гарсија беше убиена во ужасниот масакр извршен од Салвадор Рамос во основно училиште во Тексас. Само два дена по неа, починал и нејзиниот сопруг Џо.
„Неговото срце не издржи, почина од тага“, тврди неговото семејство, а како причина за неговата смрт го наведуваат „скршеното срце“. Лекарите објасниле што всушност значи феноменот „скршено срце“.
Гарсија се подготвувал за погребот на неговата сопруга, а тој одеднаш паднал и починал. Роднина на неговата сопруга изјавил дека верува дека Џо умрел од „скршено срце“ бидејќи не можел да ја поднесе загубата на сопругата со која бил повеќе од 25. години.
Според Хелен Вилсон, раководител на истражување во добротворната организација Heart Research UK, синдромот на „скршено срце“ се јавува кога телото е погодено од емоционален шок и е обземено од хормони како адреналин и норадреналин. Срцевиот мускул може да го ослаби вишокот адреналин и да ја ослаби неговата способност да пумпа крв низ телото, а кога телото има доволно крв, виталните органи не можат да се затворат.
Според податоците на светските медиуми, околу 3.000 Британци и 11.000 Американци секоја година се погодени од синдромот на „скршено срце“. Причините се тагата, разводот, додека на многумина срцето не им издржува поради финансиски проблеми и банкрот.
Џо и Ирма зад себе оставија четири деца. Најстариот Кристијан има 23., а најмладата Алисандрија 12.години. Сајтот GoFoundMe започна акција за да им помогне. Акцијата започна пред три дена, а веќе се собрани повеќе од 2,5 милиони долари.
Фото: Принтскрин/gofundme