(ВИДЕО) Река која туристите ја нарекуваат „течно виножито“ – До ова чудо на природата пристапот бил строго забранет!

Реката Кано Кристал е спектакуларно природно чудо што минува низ Мета, централна Колумбија.
Широка е дваесет метри, долга околу 100. километри и се смета за притока на реката Гуајаберо.
Неколку недели помеѓу сувата и влажната сезона и под влијание на ендемичен вид алги што живее во коритото на реката, „процветува“ и поцрвенува.
Повремено во ова „крваво“ црвенило може да се најдат зелени, жолти, сини и портокалови бои, поради што мештаните го нарекуваат течно виножито или река од пет бои.
Иако е краткотрајна природна појава, многумина веруваат дека Кано Кристал е најубавата река на светот.
Пристапот до оваа река некогаш бил забранет поради активностите на припадниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), но денес до неа се стигнува на коњ или пеш, а под водство на локален водич.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …