На брегот на истокот во Сасекс, фотографот на Би-Би-Си, Џеф Оверс, ги фотографирал брановите додека траела бурата. Тој го овековечил моментот во кој било „видено“ „лицето“ на римскиот бог на водата и морето Нептун. Имено, ова е пример за пареидолија, феномен кога луѓето гледаат лица на невообичаени места.
Оверс за Би-Би-Си изјавил дека фотографирал наутро, при плима и ветрови посилни од 80. км на час.
„Пристаништето Њухевен стана популарно за фотографирање затоа што морето’врие’ од силни ветрови. Брановите прскаат и понекогаш прават модели што личат на лица”, рекол тој.
Тој додал дека не ја прилагодил фотографијата и дека бранот во преден план на фотографијата го потсетува на неговата рака.
Фото: Принтскрин/Instagram