Вистинско чудо е што никој не е сериозно повреден во несреќата.
Снимката покажува сообраќај во еден кинески град. Сообраќајот се одвива нормално, за да во еден момент дојде до експлозија во Тојота, во еден момент, пред снимателот. Експлозијата расфрлала парчиња од автомобилот како шрапнели низ целата улица, а потоа се појавила огнена топка. Во тој момент возачот исто така излегува од автомобилот. Ова веројатно му го спасило животот затоа што следела уште посилна експлозија, проследена со чад во форма на печурка.
Во оригиналниот опис на видеото се вели дека автомобилот бил со напојување на плин. Тојота Камри се нуди во Кина со 2,0 и 2,4 бензин, така што една теорија оди во насока на непрофесионално направена инсталација на гас. Другите коментари на „Редит“ се дека автомобилот нема инсталација на гас, туку превезувал шише пропан во багажникот, кое очигледно протекувало и во еден момент дошло до експлозија.
Што и да е, оваа снимка јасно покажува дека нема шеги со плинот.
Фото: Принтскрин/YouTube