(ВИДЕО) ЗВУЧИ ПОЗНАТО: Гиш и Наумче во живо – „Nobody knows you when you down and out“

Да се биде четири дена затворен во четири ѕида (блазе си им на оние кои живеат во куќи, барем во дворот ќе прошетаат без да имаат проблеми) не е ниту лесно ниту едноставно, особено за повеќечлените семејствата кои живеат во мал станбен простор…
И, токму за овие ситуации ни се виде соодветна темата „Nobody knows you when you down and out“ (Никој не ве познава кога сте долу и надвор) која Гиш во придружба на гитара на Наумче ја извел пред нецела година…
Како создадена за карантинот кога не смееме да излегуваме и броиме часови до вторник наутро кога конечно можеме надвор…А, дотогаш никој не знае дали и колку сме паднати, психички…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …