Американскиот телевизиски новинар Сем Свини бил сведок на многу непријатен настан за време на летот од Филаделфија до Мајами. Инцидентот на кој бил сведок се случил токму пред него, а целата видео содржина како и деталите за настанот ги пренел на социјалната мрежа Твитер.
Свини ги објаснил сите детали во твитот што го напишал.
„За време на летот од Филаделфија до Мајами на 31. јули, еден патник оствари недозволен физички контакт со стјуардите. Потоа физички го нападна стјуардот кога се обиде да го врзе за седиштето”, напишал новинарот во твитот.
За време на настанот, тој викал и се расправал со другите патници, фалејќи се дека е син на богати родители, кои поседуваат два милиони долари, а истовремено заканувачки се повикал на својот дедо, кој е адвокат.
Тој на крајот, по слетувањето, бил приведен а полицијата потврдила дека против него се поднесени три пријави, како и дека бил во алкохолизирана состојба за време на инцидентот.
Frontier passenger allegedly touched 2 flight attendants breasts, then screamed his parents are worth $2 million, before punching a flight attendant. Frontier suspended the crew for duct taping the passenger to his seat as they landed in Miami. 22 yr old Max Berry is in custody. pic.twitter.com/4xS9Rwvafx
— Sam Sweeney (@SweeneyABC) August 3, 2021