Време е за нешто НОВО! Време е за КОЛОВРТ ФЕСТИВАЛ!

Следејќи ги светските трендови на организирање , снимање и емитување на техно журки на локации со голема антрополошка вредност ја инициравме платформата KOLOVRT FESTIVAL, која ќе промовира локации со голема антрополошка и географска вредност а на кои ќе настапуваат артисти (Dj) кои продуцираат електронска музика.


Цел-та е да го прикажеме културното наследство низ призма на електронска музика и видео.

Започнуваме од Скопје на 12. Август, локацијата ќе биде објавена 5. дена пред самиот настан, истата преставува гордост за Скопје и носи голема антрополошка вредност.


Првите артисти се техно двојката Soko&Sev од Лондон која досега работеле со големи имиња како BorisBrejcha, ANNA, AnjaSchneider, Matador, OliverHuntemann, AlexStein, JulietFoxand BEC. Продуцираат космичко техно. Нивната посебна способност за емоционално наполнети, интроспективни намалувања ги доведе до меѓународен успех, со богати изданија низ најплодните етикети на индустријата, како што се Kraftek, Codex, AnalyticTrail, IAMT, SayWhat? AndSetAbout.
Покрај интернационалните изведувачи ќе рејваме и на нашиот Игор Петковиќ (Into the woods).


Време е за нешто НОВО!
Време е за нешто супер квалитетно!
Време е за автентична домашна приказна спакувана по светски стандарди!
Време е за КОЛОВРТ ФЕСТИВАЛ!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …