(ВИДЕО) УАПСЕН ПА ЗАВРШИЛ НА ПСИХИЈАТРИЈА: Британец не сакал да носи маска – Го чека робија и парична казна!

БЕНЈАМИН Глин, 39-годишен Британец е уапсен во Сингапур, бидејќи за време на возењето со подземна железница не сакал да стави маска на лицето.
Тој бил притворен во психијатриска болница откако судскиот процес кој се води против него бил окарактеризиран како „одвратно“, пишува „The Telegraph”“.
Судењето за Глин започнало во четвртокот, и тој во таа пригода рекол дека никогаш нема да се изјасни за виновен или невин.
– Одбивам да бидам роб – рече тој на општ ентузијазам на противниците за носење заштитни маски кои го следеле неговото појавување пред судот од јавната галерија.
– Мислам дека е лудо што ме судат затоа што воопшто не носам заштитна маска – додал Глин, татко на две деца од Јоркшир во Англија.
Глин бил уапсен на 7 јули 2021 година, бидејќи не носел маска. Потоа му било дозволено да се брани од слобода ако плати кауција од 2.700 фунти, но таа му била укината на 19 јули. Глин е дополнително обвинет за кривично дело неносење заштитна маска при појавувањето на суд во јули.


Заменик јавниот обвинител побарал од судот да го испрати Глин на психијатриски преглед, откако неговото семејство рекло дека тој „значително се променил“ од почетокот на пандемијата.
„Однесувањето на обвинетиот во судот зборува само за себе“, рекол обвинителот.
– Мојот ум е кристално чист. Јас сум целосно буден. Јас сум просветлен – одговорил Глин со висок тон.
За време на судењето, Британецот тврдел дека „владее“ со себе и дека обвинувањата против него „не го допираат“.
Глин живее во Сингапур од 2017. година, и е вработен во британска компанија која таму има филијала.
Британецот, инаку, бил снимен како ја крши наредбата на сингапурските власти за носење маски, а полицијата го лоцирала, идентификувала и го префрлила во притвор, откако видеото, на кое може да се види без маска, станало вирална сензација.
Глин рекол дека во меѓувреме, неговото семејство, без него, се вратило во англискиот град Лидс.
„И така и онака сакам да го напуштам Сингапур, пуштете ме“, рекол Глин.
Глин до неодамна немал адвокат, а во четвртокот пред судот изјави дека правни совети му давал Абдул Рашид Абдул Рахман, лицето кое првично било задолжено за процесирање на неговата оштета.
Меѓутоа, судот му забранил на Рахман да му дава правни совети на Глин, бидејќи тој нема соодветни квалификации.


Судот одлучил да го држи Глин на набљудување во Институтот за ментално здравје во Сингапур додека судењето не продолжи на 19. август.
Додека полицијата го изведувала од судницата, Глин викал дека полицијата го лови како „глутница животни“ и дека оваа одлука „не е правда“.
Глин е обвинет за малтретирање во два наврати, нарушување на јавниот ред и мир, како и за неносење маска пред зградата на судот.


Доколку биде осуден за малтретирање, му се заканува максимална затворска казна од една година и максимална парична казна од 2.600 фунти. Доколку биде прогласен за виновен за кршење на мерките за борба против ширењето на ковид-19, може да биде осуден на шест месеци затвор и парична казна од 5.300 фунти.

Фото: Принтскрин/YouTube

Извор: Jutarnji list

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …