(ВИДЕО) ВО ЖИВОТОТ Е ПОТРЕБНА И СРЕЌА: Била во Аушвиц, а својот 104. роденден со семејството од 400. члена го прославила на Ѕидот на плачот!

„На прославата на роденденот сите сфативме колку е таа важна. Сите плачевме“, изјавила Панини Фридман, нејзината најстара правнука која што живее во Белгија.
Шошана Овиц, преживеана од концентрациониот логор Аушвиц, својот 104-ти роденден го прославила на Ѕидот на плачот во Ерусалим во друштво на нејзините дури 400 потомци.
Таа посакала нејзиниот роденден да го прослави така што на Ѕидот на плачот во Ерусалим ги повикала сите нејзини деца, внуци, правнуци и праправнуци.
„Дојдоа речиси сите“, соопштиле од израелската амбасада во Берлин на својот профил на Твитер.


Трагајќи после Втората светска војна по членовите на нејзиното семејство, Шошана го запознала нејзиниот иден сопруг кој во Холокаустот ги загубил сопругата и четирите деца. Се венчале и првото дете го добиле во логор со бегалци во Австрија.
Подоцна емигрирале во Израел, се населиле во крајбрежниот град Хаифа и имале четири деца.
„На прославата на роденденот сите сфативме колку е таа важна. Сите плачевме“, изјавила Панини Фридман, нејзината најстара правнука која што живее во Белгија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …