(ВИДЕО) Во светот се шири снимка од спасување на дете од урнатините на Флорида

На снимката се гледа како пожарникарите го извлекуваат момчето, кое било во свесна состојба и го пренеле во брзата помош.

Дел од облакодер во градот Сурфсајд недалеку од Мајами Бич во американската сојузна држава Флорида се сруши во текот на ноќта.
Повеќе од една третина од 12-катната зграда, во која имало 136. станови, се срушила околу 1:35 часот по локално време.
Полицијата синоќа потврди дека не знае каде се 99. лица за кои се верува дека биле во зградата за време на уривањето.
Досега официјално е потврдена смртта на четири лица, а околу 40. од нив се извлечени од урнатините. Меѓу спасените е и едно момче, чиј идентитет сè уште не е објавен.
На снимката се гледа како пожарникарите го извлекуваат момчето, кое било во свесна состојба и го пренеле во брзата помош.


Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …