(ВИДЕО) Во едно од најдлабоките места во океанот е снимено ново мистериозно суштество!

Бизарно суштество кое потсетува на медуза е откриено во длабочините на Индискиот океан и се верува дека е првпат забележано. Засега неименуваното суштество е снимено во Јаванската бразда на длабочина од 7.000 метри. На снимката се гледа како суштеството лелее на дното на океанот и емитува сивкаст сјај.
Водачот на експедицијата, Виктор Весково, вели дека суштеството „не наликува на ниту една до сега видени видови“.


Инаку, експедицијата The Five Deeps досега три пати ја посетила Јаванската бразда, која се смета за најдлабоко место во Индискиот океан. Тоа е прв пат луѓето да дошле до дното на браздата, а снимката ќе стане дел од документарниот филм на Discovery Channel.
„Само се појави од длабочините и делуваше како некоја чудна медуза. Не се случува често да видиме нешто вака необично, не остави без зборови. Засега не сме сигурни на кој вид припаѓа, но ќе откриеме“, раскажал главниот научник Ален Џехјмисон за CNN.

Screenshot: Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …