Никогаш не вели никогаш – После 28. години жена се разбудила од вегетативна состојба: „Никогаш не ги ‘отпишувајте’ своите најблиски“, вели синот!

„Причината поради која што ја споделив нејзината приказна е да им порачам на луѓето да не ја губат надежта за нивните најблиски. Немојте да ги сметате за мртви кога се во таа состојба!“

Жена од Обединетите Арапски Емирати си ја вратила полната свест по 28. години минати во вегетативна состојба.


Мунира Абдула преживеала тешка повреда на мозокот во сообраќајна несреќа во 1991. година. Била со својот син Омар Веибар, кој тогаш имал само четири години. За да го заштити мајката го прегрнала синот кој заедно со вујко му се здобиле со малечки, површински повреди.
„Никогаш не се откажав од неа, оти секогаш имав чувство дека еден ден ќе се разбуди“, изјавил Омар за The National Newspaper.

Вегетативната состојба е слична на комата, само што во првиот случај, пациентите можат да реагираат на болка.


Жената која тогаш имала 32. години, се лекувала во својата земја и во Лондон. Пред две години, принцот од Абу Даби, Мохамед бин Зајед ја испратил и ѝ платил специјалистичкиот третман на Абдула во Германија, каде што со посебна физикална терапија докторите ѝ ги подобриле обрасците на будност и спиење.


Така, пациентката станала почувствителна. Една година подоцна, во јуни 2018. година Омар ја чул, прво, како испушта звуци, а потоа и како го изговара неговото име.
„Причината поради која што ја споделив нејзината приказна е да им порачам на луѓето да не ја губат надежта за нивните најблиски. Немојте да ги сметате за мртви кога се во таа состојба!“, нагласил Омар.


Госпоѓата Абдула сега може и да разговара, да се моли и да се пожали кога е во болки. Сега се наоѓа во Абу Даби со семејството и продолжува со терапиите.
„Наша примарна цел е на нејзината нежна свест да и овозможиме да се развива и напредува, токму како и најчувствителната билка на која и треба добра подлога за да расте“, рекол доктор Ахмад Рул, специјалист по неврологија кој ја лекувал Абдула.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …