Магазинот „People“ секоја година една славна дама прогласува за најубава, а после пејачката Пинк, која е прогласена за најубава жена во 2018., оваа година таа ласкава титула и припаднала на Џенифер Гарнер.
47. годишната Оскаровка ја краси и најновата насловна страна и тоа во своето омилено издание – без шминка, а во разговорот ги открила и тајните на својата безвременска убавина. А се чини дека за нејзиниот младешки изглед и на прагот на петтата деценија најмногу се заслкужни нејзините деца -13. годишната Виолет, 10. годишната Серафина и 7. годишниот Самуел кои ги добила во бракот со бившиот сопруг Бен Афлек.
https://www.instagram.com/p/BwnnvXLp6Y7/?utm_source=ig_embed
„Штом се вратам од некој настан или снимање ми велат да ја извадам шминката од лицето, косата да ја соберам и да ставам очила. Тоа им е моето омилено издание и за мене тоа е комплимент“, раскажала глумицата која неодамна и во интервју за „Харперс магазин“ открила дека приватно воопшто не става шминка.
Во разговорот за People открила дека титулата за најубава жена за 2019. година ја изненадила бидејќи, како што вели, никогаш не се чувствувала како убавица ниту за себе така размислува, но секогаш била задоволна со себе и смета дека поради тоа и другите ја доживуваат многу поубава.
https://www.instagram.com/p/BwnsgvWBoaW/?utm_source=ig_embed
„Бев многу изненадена и ми требаа неколку минути да го сфатам тоа и да се воодушевам“, раскажала во кусото интервју објавено на Инстаграм профилот на магазинот People, во кое го објаснила своето сфаќање на убавината.„Убавината ја доживувам многу холистички и се чувствувам посреќна и поубава кога помалку се гледам во огледало“, објаснила и додала дека поважен и е впечатокот што го остава на луѓето.
Да потсетиме Џенифер пред шест месеци конечно го финализирала разводот од Бен Афлек кого го напуштила уште во 2015. година поради неговите проблеми со алкохолот, а во брак биле од 2005. година. Парот останал во добри доноси поради своите деца и често заедно го минуваат времето, како вистинско семејство.
А, утехата по љубовниот крах со Бен , Џенифер ја пронашла во прегратката на бизнисменот Џон Милер кој од неа е помлад шест години.
https://www.instagram.com/p/BwnrTq1BOuD/