(ВИДЕО) ЦЕЛ СВЕТ НА НОЗЕ – Од сите страни доаѓа подршка за злоставуваното дете: „Во мене имаш пријател“ му порачал Хју Џекмен!

Квејден Беилс е роден со ретко генетско нарушување, поради што е џуџе.
На само девет години, ја молел својата мајка, „да му даде нож затоа што сакал да си го прободи срцето“, бидејќи бил малтретиран и исмејуван на училиште.Скршенатаата мајка објавила потресно видео обидувајќи се да му покаже на светот што врсничкото насилство му прави на едно дете, воопшто не надевајќи се колку реакции ќе предизвика, па дури и кај многу познати личности, меѓу кои и актерот Хју Џекман.
Покрај зборовите на поддршка, за ова момче од Австралија доаѓаат и парични средства од целиот свет.


„Квејден,во мене имаш пријател! Ти си многу посилен отколку што мислиш дека си. Те молам, бидете љубезни еден кон друг … Злоупотребата не е исправна“, порачал Џекмен.
Комичарот Бред Вилијамс, кој исто така е џуџе, започнал кампања со која досега собрал 216.000 американски долари, а тие пари ќе бидат потрошени, меѓу другото, за Квејдан и неговата мајка да го посетат Дизниленд.

“Ова не е само за Квејден, туку за сите деца кои искусиле злоупотреба во нивните животи и на кои им било кажано дека не се доволно добри. Ајде да им покажеме на Квејден и на другите дека има многу добро во овој свет и дека тие се подеднакво вредни”, рекол тој.
Детето доби поддршка и од Националната рагби лига.
“Ние ти посакуваме се најдобро, брат. Знаеме дека ова е тежок период за тебе, но момчињата се тука, ти го чуваме грбот. Ние сме тука за тебе, пријателу”, му порачале.


Актерот Ворвик Дејвис, кој го основаше Little People UK (Малиот народ на Велика Британија), рекол дека снимката е „длабоко вознемирувачка“.
“Ужасно е да се мисли дека вакви работи се случуваат денес. Сметаме дека се грижиме, а во реалноста навистина никогаш не сме”, изјавил тој за Би-Би-Си, додавајќи дека најголемата должност тука е на родителите.


„Образованието започнува дома. Мораме да преземеме одговорност за нашите деца и нивното однесување“, рекол тој.
Мотивациската говорничка Беки Куран Кекула истакнала дека луѓето мислат дека е добро да зјапаат и да се смеат на луѓе со џуџест раст, кој и таа самата го има.
„Тоа има врска со бројките, во Америка има само 30.000 мали луѓе. Луѓето не не гледаат честопати, така што филмовите и медиумите влијаат на тоа како тие се однесуваат кон нас“, рекла таа.

Досега за малечкиот Квејден, кој го обедини светот против врсничкото насилство, се собрани повеќе од 300.000 долари за неговото патување во Дизниленд, па останува надежта дека тоа барем малку ќе ги ублажи болките од насилството кое го претрпел од своите соученици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …