(ВИДЕО) БОРБА СО ВИРУСОТ – МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ВО ДЕВЕТТИ МЕСЕЦ НА БРЕМЕНОСТ ЛЕКУВА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС: Оваа снимка ги збеснала Кинезите!

Во борбата против смртоносниот коронавирус, медицински персонал во Кина е деноноќно ангажирано, многумина од нив дури немаат време да се одморат, а снимките на бремената медицинска сестра од болницата во Вухан предизвикале бес низ целата земја.
Иако државната телевизија CCTV ја прикажа Зао Ју како хероина во деветтиот месец од нејзината бременост, тоа не беше многу ценето од граѓаните кои сметаат дека на бремените жени не им е место со заболените од опасниот вирус.
Еден корисник истакнал дека бремената жена ја искористиле како „алатка за пропаганда“.
Таа е снимена како тестира пациент, кој подоцна бил испратен во одделение поради треска. На видеото се гледа како нејзиниот пациент и рекол да не работи затоа што е опасно.


Зао Ју во видеото признава дека нејзиното семејство е против да продолжи да работи, но додава дека се надева дека ќе придонесе во борбата против вирусот.
„Можеме ли да престанеме со оваа пропаганда? Кој донесе одлука дека ова видео е добро? Бремените жени не треба да бидат во првите редови на борбата против вирусот“, напишал еден корисник на социјалната мрежа.
Повеќе од 2.200 луѓе починале од коронавирусот во Кина, а најголем број смртни случаи има во Вухан, центарот на Хубеи.
Само во Кина има повеќе од 75.000 заразени. Вирусот се шири и ширум светот со повеќе од 1.000 пациенти и неколку смртни случаи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …