(ФОТО) ПРЕКРАСНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА – Се вљубиле во основно училиште, но патиштата им се разминале: 33. години подоцна судбината вмешала прсти!

Кога ја виде после толку години, Дарен почнал да се тресе…
Дарен Артур (45) и Кели Чиверс (45) од Милтон Кејнс се вљубиле во основно училиште, но подоцна нивните животи ги одвоиле, сè до една судбоносна средба.
Имено, тие оделе во ист клас кога, како десетгодишни деца, чувствувале симпатија еден кон друг. Сепак, откако семејството на Кела се отселило, тие го изгубиле контактот.
Секој си заминал на своја страна и со своите партнери пловиле во брачните води. Сепак, двајцата се развеле во 2015. година.
А, потоа во август 2018. година, ги споила социјалната мрежа. Имено, по бродоломот на бракот, Кели решила да ја побара својата прва љубов, и му испратила барање за пријателство на Фејсбук.


Gepostet von Keely Chivers am Mittwoch, 25. Dezember 2019

„Се сеќавам дека ќе и тропав на вратата кога бевме малечки, а потоа ќе ја чекав додека таа не го испие сокот од портокал што и го направила мајка и“, се сеќава Дарен како изгледала нивната ‘врска’ некогаш.
„Не знам што ми падна низ памет, се сетив на некои убави моменти“, вели Кели, додавајќи дека Дарен бил „популарен на училиште“, па други ја задевале дека тој бил нејзин дечко.
„Можеби го барав тоа затоа што останав сама и мислев дека немам што да изгубам“, вели таа.
Кога го видел нејзиното барање, Дарен веднаш одговорил.


Gepostet von Darren Gooner Arthur am Montag, 2. September 2019


Откако две недели комуницирале преку Фејсбук, тие решиле да закажат состанок. Тие се согласуваат дека се заљубиле на прв поглед.
„Ја повикав и кога ја видов среде ходникот, почнав да се тресем“, изјавил Дарен за „Дејли меил“, а неговата училишна симпатијата се согласува:
“Дефинитивно беше љубов на прв поглед. Имав пеперутки во стомакот додека одев кон него”, открила Кели.
Таа вели дека не може да чека да се венчаат, бидејќи сака да го помине остатокот од животот со него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Готвач предвреме извадил колач и добил отказ во ресторанот: И’ го збогатил светот со највкусниот десерт што постои

Лава колачот е толку совршен што ретко кој може да му одолее. Кремаст и богат …