(ВИДЕО+ФОТО) Зоран Заев во „Еден на еден“: „Британија си замина – ние да дојдеме на нивното место!“

Во недела, во најновото издание на „Еден на еден“ гостин на Жаре ќе му биде Зоран Заев…
Меѓу многуте приватни и професионални приказни, поранешниот премиер раскажал за своите студентски денови, за детството, за семејството, за својата прва работа, за она што најмногу го исполнува во слободно време.На прашањето на Жаре дали ќе го земеме столчето на Велика Британија откако излезе од ЕУ, Заев низ насмевка одговори:
„Сега го ослободија местото, зошто да седи празно? Да го пополниме“.


Заев раскажал и дека 13 години по ред, Нова година славел со децата од Заводот за заштита Бања Банско, и какви песни пееле заедно.
„Многу често како градоначалник, не сум имал прилика да славам Нова година. Знаат струмичани, 13 години по ред, Новата година ја чекав во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. За мене Новата година е како излегување во сабота вечер“, раскажал Заев за времето кога бил градоначалник на Струмица.


„Тука песни се пееја, од Тоше Проески, стари македонски песни“, му открива Заев на Жаре.

Најавите за емисијата ќе ви доловат дел од она што ќе го гледаме во недела:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …