(ВИДЕО) ТОП 12. љубовни филмови кои настанале според вистинска приказна

„Колонија“
Филмот „Колонија“ зборува за млад германски пар кој се најде среде воен удар во Чиле. Младиот Даниел, кога го игра Даниел Брул, е уапсен и испратен во Колонијата Дигнидад, од која никој никогаш не избегал. Неговата девојка Лена (Ема Вотсон), се обидува на секој начин да го спаси од канџите на водачот на култот.


„И во добро и во зло“
Филмот „И во добро и во зло“ се базира на приказната за младенците Ким и Крикит Карпентер, кои ги играат Ченинг Тејтум и Рејчел Мекадамс. Младиот пар доживеал несреќа и Крикит го губи сеќавањето на изминатите 18. месеци, точно периодот кога се запознала и се заљубила во нејзиниот сопруг. Така, Ким останал со неа сè додека не научила повторно да го сака.


„Кралицата на пустината“
Овој филм во кој играат Никол Кидман и Џејмс Франко е базиран на биографијата на британскиот писател и патеписец Гертруда Бел. Родена во богато семејство, главната хероина не сакала да биде дел од лондонското крем друштво. Така, таа најпрво заминала на исток, каде се вљубила во Хенри Гадоган, работник во амбасадата.


„Од по работ“
Биографската приказна за познатиот кантри пејач Џони Кеш и неговата втора сопруга Џун Картер, послужила како инспирација за филмот „Од по работ“. Нивниот заеднички живот беше проследен со проблеми со дрога, семејства и психолошки тешкотии, кои успеаја да ги надминат со силата на нивната љубов. Џони, кој 10. години сонувал Џун да се заљуби во него, беспрекорно го играше Хоакин Феникс, а Рис Витерспун доби Оскар за улогата на Џун Картер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …