„Британската водителка Аманда Холден на Инстаграм споделила видеа направени за време на мамографија. Како што истакнала, таа сакала да ја подигне свеста за важноста од спречување на оваа малигна болест во месецот на борба против ракот на дојка.
После мамографијата, таа им кажала на своите придружници дека прегледот бил „непријатен“ неколку моменти, но и било драго што го поминала затоа што можеби си го спасила животот.
„Моите гради се наоѓаат во весник од глупави причини, па се надевам дека тоа ќе се промени денес. Ќе ја мојата мамографија за да покажам дека една од осум жени ќе бидат дијагностицирани со рак на дојка. Дури 50. проценти од нас не ги препознаваат раните знаци на болеста. Редовните мамографии со самопрегледите нудат најдобри резултати во раното откривање на болеста“, рекла таа.
Таа додала дека прегледот бил брз и лесен и дека можеби и го спасил животот.
Открила дека не и била грижа пред прегледот, а за време на тоа е можно да ви биде непријатно и апаратот да ви ги стисне градите.
„Но, сето тоа завршува брзо и е прилично безболно“, додала таа.
Таа се одлучила на овој потег откако гледачите се пожалиле на нејзината облека за која тие тврдат дека и ги открива брадавиците. Но, 49-годишната ТВ sвезда со порака на Инстаграм негирала дека покажала брадавици.
„Навистина? Кој има брадавици толку блиску до деколтето?” напишала со неколку емотикони кои плачеле од смеа. Таа додаде дека „корсетот ги стискал цела вечер“.