(ВИДЕО) ТАЖНО – Трагедија во Германија: Мајка убила свои пет деца – најмладото старо само една година!

Вчера светот беше во шок од чедоморството во Германија каде мајка си ги убила своите пет деца, а сега на виделина излегуваат се’ поболни детали на оваа неопишлива трагедија.
Главната осомничена е 27-годишната мајка Кристијана К., која по ужасното дело се фрлила под возот додека нејзиното шесто дете било со неа. Таа била повредена и пренесена во болница.
Според РТЛ, имало три девојчиња на возраст од една и пол, две и три години и две момчиња, Тимо (6) и Лука (8). Наводно биле убиени со апчиња. Телата на децата биле пронајдени во стан во Солинген во областа Хаселд.


Од полицијата велат дека успеале да стапат во контакт со нивниот татко, но засега не сакаат да коментираат понатаму.
Шестото дете, момче Марсел (11), е безбедно и во моментот за него се грижат роднини. Неговата мајка после хоророт со него била во возот. Таа се симнала на станицата во Дизелдорф и се обидела таму да се самоубие. Момчето го продолжило патувањето кон Менхенгладбах, каде живеела неговата баба. Таа, наводно, ја известила полицијата за ужасниот инцидент нешто пред 14. часот.


Во попладневните часови, многу полицајци и амбулантни возила пристигнаа пред зградата на Бергишес Ленд. Се собрале и десетина соседи.
Еден сосед речкол дека неговата сестра ги познава жртвите и дека тие изгледале како мирно семејство со шест деца. „Во шок сме. И ние имаме деца“.
„Семејната драма во Солинген ме исполнува со голема тага и во моментот мислам на тоа мало дете кое беше толку сурово искинато од овој свет“, рекол министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул.
Градоначалникот на Солинген, Тим Курбабах, рекол: „Ние сме неописливо тажни, се случи нешто што длабоко влијаеше врз нас“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …