Брзи солени мафини

Фантастични се кога се топли, но и кога ќе се изладат…Идеален предлог за брз појадок
Состојки:
– 500 гр брашно
– 200 мл јогурт
– 100 мл масло
– 1 прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– 1 лажица кечап
– 100 гр кашкавал
– 100 гр шунка
Подготовка:
Измешајте брашно, прашок за пециво и сол. Додадете јогурт, масло и кечап и добро измешајте. На крај, вмешајте го ренданиот кашкавал и сецканата шунка.
Доколку е потребно, додадете повеќе брашно, за смесата да не се лепи за вашите раце.
Добро соединете ги состојките, па вадете со лажица и истурете ја во калапите. Печете околу 15 минути на 250 степени.
Ако сакате, можете да ја намачкате смесата на работната површина и да сечете со чаша, а потоа да ги печете како погачки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …