Меки и вкусни: Полжави со пица фил

Вкусен појадок за викенд…
Состојки:
– 15 гр свеж квасец
– 1 лажичка шеќер
– малку сол
– 1 јајце
– 20 мл масло (2 лажици)
– 200 мл млако млеко
– околу 450 гр брашно
За полнење:
– 200 гр шунка или обична салама
– кечап
– 100 гр скашкавал
– 100 гр сирење за мачкање
– оригано
– малку рендан чаен колбас
Подготовка:
Се топи квасецот во млакото млеко, се додава шеќер и се остава да стаса. Додадете го јајцето и изматете малку. Додадете малку масло и брашно за да добиете тесто кое ќе биде средно тврдо но помеко. Измесете убаво и покријте да стасува додека го удвои волуменот. Тестото разсукајте го во правоаголник со дебелина од 1,5 см. Намачкајте со сирењето, па наредете ја саламата, прелијте ја со кечап, потоа кашкавал и повторно малку кечап. Додадете неколку лажици рендан чаен колбас. На крај додадете го ориганото. Завиткајте во ролна и сечете парчиња со дебелина од 2 см. Се редат во подмачкана тава и се премачкуваат со жолчка. Оставете да стасуваат додека рерната се загрева до 200 ° С. Ставете ги во рерна и намалете на 180 ° C па печете додека не поцрвенат, околу 25-30 мин. Покријте ги врелите ролни со крпа малку да отстојат и – уживајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …