(ВИДЕО) ТАЖНО – ОВА Е ОСТРОВ НА СТРАВА КАЈ ЊУЈОРК: Сликите од дрон ја покажуваат големината на масовните гробници подготвени за жртвите на корона!

Беспилотно летало снимило работници во заштитни одела како спуштаат ковчези во масовни гробници во градот Њујорк, каде расте бројот на починати од последици на корона вирусна инфекција.
На снимката се прикажани работниците што користат скали за да се спуштат во голема јама на островот Харт, каде пред повеќе од 150 години е користено за да се погребаат граѓани кои немаат роднини или чие семејство не можеше да си го дозволи да им организира погреб.

Според Би-Би-Си, можно е дека станува збор за ковчези на жртвите на вирусот корона, иако тоа сè уште не е јасно.
Според најновите податоци, во државата Њујорк се забележани повеќе случаи на корона вирусот отколку во која било друга сојузна држава во САД.


Бројот на заразени лица во Њујорк се зголемил за 10.000 во четвртокот и моментално изнесува 159.937, додека 7.000 починале.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …