НАУЧНИЦИ ОД БЕЛГИЈА ТВРДАТ – Растојанието од два метри не е доволно кога се трча или вози велосипед

Симулацијата која ја направија научниците покажува дека е многу побезбедно да се трча или вози велосипед покрај некое лице или да се трча или вози во некаква формација, на пример дијагонално зад некој, за да не се влезе во тој „облак“ на капки од лицето пред вас…

Истражувањето на научниците од Универзитетот Леувен од Белгија, холандскиот Технолошки универзитет и експерти од Ајндховен покажуваат дека за време на трчање или возење велосипед, не е доволно растојанието од два метри меѓу две лица.
Како еден од најзначајните фактори во борбата против ширењето на коронавирусот се споменува социјалното дистанцирање, односно одржувањето на растојание од еден до два метри меѓу луѓето.
Сепак, тоа растојание не е доволно при трчање или возење велосипед. Имено, за време на трчањето, лицето кое дише (кашла или кива) исфрла повеќе капки во воздухот кои остануваат зад него, па лицето кое може да „налета“ на нив може да се зарази. Истото е и кога се движите веднаш зад некој човек на улица, па затоа според научниците најдобро е да се движите дијагонално.



Кога луѓето говорат, дишат, кашлаат или киваат, во воздухот се исфрлаат мали капки. И додека најголемите капки паѓаат на тлото, помалите капки можат да се задржат во воздухот подолго, па најважно е другото лице да не влезе во тој „облак“ на капки, ги пренесува “Brussels Times” резултатите на студијата.
Симулацијата која ја направија научниците покажува дека е многу побезбедно да се трча или вози велосипед покрај некое лице или да се трча или вози во некаква формација, на пример дијагонално зад некој, за да не се влезе во тој „облак“ на капки од лицето пред вас.


Треба да се напомене дека при ова истражување не се земени во предвид временските услови, како на пример ветрот кој исто така може значително да влијае на ширењето на капките во воздухот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …