(ВИДЕО) Тања Кочовска искрена до срж:„Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш”

Кој ја познава Тања Кочовска сигурно ќе ви каже дека е искрена до болка. Отворена и искрена е и со самата себе па и со околината…Понекогаш тие нејзини зборови можеби некого ќе го заболат, но барем се знае дека така размислува – но не мисли лошо…


Кога летоска на социјалните мрежи актерката Тања Кочовска објави дека мајка ѝ се изгубила во Градскиот парк, многумина тогаш дознавме дека Невенка Кочовска, познатата музичка дива од „Мањифико”, има Алцхајмерова болест.
„Тоа е болест на целото семејство оти сите минуваме еден тежок период. Единствено што не заборавила – не само убаво да пее, туку и школски точно да нè поправа кога грешиме. И јас тогаш ќе ѝ речем: ‘Ама ти имаш или немаш Алцхајмер'”, вели Тања Кочовска.


Ова е само дел од интервјуто за „Репортер” во кое таа зборува за сè. За љубовта со Предраг, која почнала во Театарот за деца и младинци, до ноќта, кога во пет часот во кафеана, ја побарал за жена: „Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш”, искрена е Тања.

„Ама, ете, се зедовме. Ме нервира често оти е многу смирен, не знае да пее, ама тоа ти е, 25 години сме заедно”, низ насмевка раскажува Тања.


Низ разговорот дознавме многу: Од тоа кога во екот на најголемата популарност на „Макфест”, кога сите мислеле дека сè ѝ е идеално, а таа била скарана со домашните, па живеела под кирија и чистела за да заработи, до денес кога е мајка на Александар и Нела, за кои вели: „Никогаш нема да дозволам да се скараат”. Зошто мајка ѝ ја оставила на шест месеци, а ја видела на една година, како е да се има и маж и колега, дали „Твојте очи мој сине” е за бившиот маж или така се совпадна, од каде е толку еластична за да прави во вода салто мортале…

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …