A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава – потврдено со мерењата на Агенцијата за електронски комуникации

Телекомуникациската компанија А1 Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека има најдобри измерени вредности при мерењата на квалитетот на мобилните мрежина територијата на целата држава,спроведени од страна на независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Независните мерењаод страна на Секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции во рамките на АЕК, во тек на целата 2020 година, покажаa дека мобилната мрежа на А1 Македонија има најдобри резултатинатериторијатанацелатадржава за пренос на податочни услуги, односно за преземање на содржини, како и најдобри резултатиза параметрите за успешни, непрекинати повици иквалитет на говор.


Националниот извештај за 2020 година покажува дека за преземање нафајл со големина од 10GB, А1 Македонија обезбедува брзина на пренос на податоци од 97 Mbps,наспроти задолжителната вредност од 55Mbps дефинирана од Агенцијата за електронски комуникации,што претставуваисклучителнапредност и највисока измерена брзина на македонскиот телекомуникациски пазар досега.

”Особено сум горд на резултатите од мерењатана квалитетот на мрежите спроведено од страна на Агенцијата за електронски комуникациибидејќи тие се уштееднапотврдазаквалитетотнауслугите и перформанситенамрежата на А1 Македонија, но пред сè се потврда за заложбите на компанијата насочениконобезбедување понуди и услуги со конкурентни цени иврвенквалитетза над 1 милион А1 корисници. Во изминатите неколку години А1 Македонија инвестираше преку 30 милиони евра во модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTEтехнологија, а само во 2020 година направена е инвестиција однад 1,5 милиони евра насочени кон надградба на базните станици.Продолжуваме со исто толкава посветеност, енергија и интензивни вложувања во сите сегменти од работењето, со нови инвестиции во мрежата кои ќе ја зацврстат позицијата на оператор со најбрз мобилен интернет и ќе придонесат во обезбедувањетона врвно корисничко искуство што е нашата примарна цел“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.


Изминатата година базните станици на А1 Македонија се надградени со дополнителен капацитет и 4G напредна технологија како Carrier Aggregation и4x4MIMO кои можат да овозможат брзини дури до 585 Mbps.

Мерењатасе спроведенина територијата на целата земја и беа опфатени сите поголеми населени места и главни сообраќајницисо користење софистицирана опрема инсталирана во специјално мерно возило за симулација на корисничко искуство, односно со комбинација од хардверско/софтверско решение за генерирање, анализа и објавување на податоците.


Контролата ја спроведува АЕК која ги мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, а оваа активност произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи.

Извештаите од извршените мерења на АЕК се објавени на официјалната страница на https://komuniciraj.mk/mk/izmereni-parametri-za-kvalitet-2020/

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …