(ВИДЕО) Нова туристичка атракција – летови над Чернобил!

Откако пандемијата „Ковид 19“ паузира и „паркира“ голем број летови, многу авиокомпании излегоа со „никаде“ летови.
Во Јапонија, Сингапур и Австралија, едночасовните или двочасовните летови претежно низ земјата, со враќање на почетниот аеродром, станаа многу популарни меѓу луѓето кои сакаат да летаат. Иако ваквите летови на многумина им звучеа смешно, тие имаа своја клиентска база, што придонесе за активирање на летовите за да се види термоцентралата во Чернобил.


Имено, националната авиокомпанија на Украина, International, одлучила да започне летови над местото на нуклеарната катастрофа во таа земја. Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека, во согласност со „зголемените барања на нејзините сакани патници“, таа ќе понуди „лет до никаде“, на мала надморска височина над Киев и до зоната на катастрофата во Чернобил.
Првиот лет над Чернобил ќе се одржи на 7. март, а сите места веќе се распродадени. Новиот лет е закажан за 13. март.



Патувањата ќе бидат извршени со авион „Ембраер 195“, авионот ќе лета на надморска височина од 900 метри, над реката Днепар, кон Чернобил.
Чернобил се наоѓа на околу 100 километри северно од Киев, од каде започнува летот, а оваа зона сè уште има значителна количина на зрачење. Сепак, се чини дека никој не се грижи за мерките на претпазливост. Засега е непознато што ова може да значи за патниците.
Патувањето се очекува да трае околу еден час и десет минути. Цената на летот е околу 85 евра.


Фото: Скриншот/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …