(ВИДЕО) Тамара Тодевска искрено за разводот: „Живеев во агонија, конечно излегов од кафезот“

По седум години брак со македонскиот кошаркар Александар Димтровски, пејачката Тамара Тодевска решила да стави точка на нивната љубовна приказна. Како што вели и самата, одлуката не ја донела преку ноќ, а денес е среќна што конечно може повторно да здивне, открила за „Гранд магазин“.

Нејзината најнова песна „Нијагара“ е создадена во моментот на нејзината најголема тага, но и пресвртот што и се случил во животот.


This image has an empty alt attribute; its file name is tamara-todevska-1.jpg
– Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, се’ се претвори во чума, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина го сакате тоа. Ова е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – рекла Тамара и се допрела до неодамнешниот развод.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


-Официјално се уште сум во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Одлично е тоа што го направивме еден за друг – истакнала пејачката која по разделбата од сопругот имала голема поддршка од семејството и пријателите.


This image has an empty alt attribute; its file name is tamara-todevska-2.jpg

– За се има излез, само треба да верувате. Не излегов сама од тоа, тука се пријателите, родителите, психолози, не се срамам од тоа. Најважно од се е што излегов од тој кафез – заклучила Тамара, чие гостување во емисијата „Гранд Магазин“ можете да го погледнете во видеото подолу.

Фото: Принтскрин/ YouTube

Извор: Grand magazin

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …