(ВИДЕО+ФОТО) Кој е згодниот дечко во килт кој стана вирален хит? Тој има долга историја со Виндзори

СОЦИЈАЛНИТЕ медиуми се преплавени со фотографии од мистериозен маж во килт кој чекорел зад кралот Чарлс со почесните пажови, а сите се прашуваат кој е тој.

This image has an empty alt attribute; its file name is ubav-oficer.jpg



Високиот и темнокос мајор Џони Томпсон бил избран за најжешко момче на крунисувањето на кралот Чарлс и стана хит на социјалните мрежи, а неговата улога е многу важна.


Десна рака на кралот
39-годишниот мајор неодамна станал личен придружник на кралот Чарлс. И не, тој не е негов батлер или слуга, туку десна рака и потпора на кралот во сите важни ситуации.

Тој е човекот кој внимава да се почитува дневниот распоред на Чарлс, а исто така е негов телохранител и помошник кој се грижи за состојбата на возниот парк и пречекува важни гости, како што беше украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој ја посети Бакингемската палата во февруари.

This image has an empty alt attribute; its file name is joni-tomson-i-zelenski.jpg

Неговата улога во церемонијата на крунисување беше исто така од големо значење. Мајорот, всушност, се погрижил момчињата од кралското семејство во улога на пажови да направат сè по протокол, а освен тоа, мајорот бил задолжен да му помогне на Чарлс да си ја соблече наметката за да биде крунисан.

View this post on Instagram

A post shared by XxSharonXx (@sharey79)


Долга историја со Виндзори
Иако многумина само што го забележаа, мајорот има долга историја со Виндзори. Дипломирал економија и меѓународна политика, по што се приклучил на војската и станал офицер во 2006 година. Тој е вработен во кралското домаќинство и офицер на гардата на кралската палата.

This image has an empty alt attribute; its file name is joni-tomson-3.jpg

Тој редовно ја придружувал кралицата Елизабета во нејзиниот замок Балморал и одиграл важна улога на нејзиното збогување, по што станал личен придружник на Чарлс.


За жал, на големо разочарување на многу обожавателките, мајорот е оженет. Тој е 13 години во брак со сопругата Каролин, која е експерт за маркетинг, а имаат четиригодишен син.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …