(ВИДЕО+ФОТО) Кралот Чарлс танцувал пред 20.000 луѓе па сите ги потсетил на овој вирален момент

СИНОЌА во замокот Виндзор се одржа концерт во чест на крунисувањето на кралот Чарлс, на кој настапија бројни ѕвезди. Андреа Бочели, Take That, Кети Пери и Лајонел Ричи се само дел од музичарите кои пееја на концертот пред многубројната публика, меѓу кои и членовите на кралското семејство.

Разиграниот крал
Во еден момент, кралот Чарлс се опуштил и танцувал на хит песната на Лајонел Ричи, All Night Long, пред 20.000 луѓе.


Видеото од разиграниот крал ги преплави социјалните мрежи, а екипата на интернет ги коментираше неговите танцови потези, потсетувајќи се на вирален момент од 1985 година.

Кралот Чарлс танцува брејкденс
Чарлс еднаш се испробал во брејкденс во младоста, а видеото на кое танцува стана вирално откако оваа информација беше откриена во една од епизодите на серијата „Круна“ на Нетфликс.
Младиот Чарлс присуствувал на собирот Youth Meets Industry и на убедување на другите танчери, тој одлучил да се обиде со брејкденс. Видеото кое се појави на YouTube стана хит и собра речиси 440.000 прегледи.

„Танцува како апсолутен крал“, „Пофалба за неговата храброст“ и „Морате да признаете дека делува самоуверено… донекаде“, се само дел од коментарите за брејкденсот на Чарлс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …