Иан Бел (60), диџеј од Австралија, ненадејно починал од срцев удар во Париз, каде бил на одмор со семејството, а напорно се подготвувал за Ливерпул каде планирал да ја следи овогодинешната Евровизија.
Бел почнал да се занимава со музика во осумдесеттите и бил многу успешен, а во текот на својата долга кариера соработувал со многу познати музичари.
Ги остави сопругата Џордан, ќерката Руби и сестрите Сузан и Џенет, пренесува „Дејли мејл“.
Иан Бел беше дел од оригиналната канадска фолк група „Muddy York“. Бел, меѓу другото, има настапувано на фестивалот за народна музика во Едмонтон и на фолк фестивалот Марипоса. Повеќе од дваесет и пет години придонесувал за развојот и зачувувањето на канадската народна музика. Пеел и стари песни и свои авторски композиции.
Фото: Социјални мрежи