(ВИДЕО) СТРАВА ВО ХРВАТСКА – Убил три лица среде Сплит: Со мајка му крадел по цркви, го претепал и братот…

Семејството на Филип Завадлав била под набљудување на Цетарот за социјална грижа, а осомничениот убиец бил пријавен за насилство во семејството. Откако го претепал братот, осуден е на 30. дена затвор…
Филип Завадлав, 25. годишен сплитски поморец, ја шокирал Хрватска откако синоќа ладнокрвно убил тројца мажи, во самиот центар на градот.
Како што Дневникот на НОВА ТВ неофицијално дознава, семејството на Филип Завадлав било набљудувано од Центарот за социјални грижи, а осомничениот убиец бил пријавен за насилство во семејството. Откако го претепал братот, осуден е на 30. дена затвор, условно на шест месеци.


Како што дознава хрватската НОВА ТВ, во периодот од 2013. до 2014. година Завадлав извршил повеќе кривични дела, кражби, а во една пригода е фатен како со мајка му провалува во црква.
Завадлав, вчера, тргнал во осветнички поход, наводно поради проблемите кои ги имал поради долгот на брат му кон дилерите, а неговиот втор брат наводно моментално се наоѓа во комуна за зависници во Црна Гора.
Да потсетиме, полицијата денес открила детали од стравичниот злостор во Сплит. Во крвавиот поход испукал 36. куршуми, а полицијата го уапсила во едно сплитско кафуле.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …