(ВИДЕО) Што не е во ред со Путин? Снимката од последниот говор открива многу нешта!

Појавувањето на рускиот претседател Владимир Путин на неодамнешниот економски форум во Санкт Петербург крена прашина и покрена прашања за неговото здравје.
Имено, сите забележале дека Путин едвај одржува рамнотежа додека стоел на говорницата. Се чинело дека страдал од неконтролирани грчеви додека им држел едночасовен говор на своите партнери.
Прашањето за здравјето на рускиот претседател е во фокусот откако тој почна да се појавува на јавни настани додека е во тек инвазијата на Украина.
За време на пандемијата, Путин ретко се појавуваше во јавноста, а неговото драматично враќање на светската сцена беше придружено со многу шпекулации.

This image has an empty alt attribute; its file name is putin-govor-1.jpg
На форумот во Санкт Петербург се чинело дека има грчеви, бидејќи скриен зад пултот се држел за говорницата додека се обидуваше да застане право во текот на својот говор. За неколку секунди од почетокот на снимањето, се чинело дека се занишал додека зборувал, пред да се прибере.
Но, можело да се види како повторно се бори да застане мирно, а потоа неговото тело повторно се занишало а левото рамо се грчело.
Западните разузнавачи се сомневаат дека Путин има Паркинсонова болест и рак.
Паркинсоновата болест е особено поврзана со неконтролирани грчеви. Извештаите за здравјето на Путин засега не се потврдени, но повторените снимки на кои рускиот претседател се тресе и има грчеви во рацете и нозете, предизвикало дискусија за потенцијалната дијагноза.



Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …