(ФОТО) Џенифер Анистон НА СТОЛБОТ НА СРАМОТ ЗАТОА ШТО НЕ САКА ДЕЦА и затоа што кариерата и е на прво место – Таа остро одговорила: „Не знаете зошто го направив тоа!“

Холивудската миленичка и ѕвезда на серијата „Пријатели“ Џенифер Анистон, по емотивно турбулентниот период поради разделбата со колегата Бред Пит, често се соочувала со обвинувања дека кариерата и е поважна од семејството и дека никогаш не сакала да има деца.
Во едно неодамнешно интервју, Џенифер Анистон изјавила дека сака да има деца и дека жените кои имаат семејство и кариера се нејзина инспирација и дека не гледа причина зошто некој да се ограничи или да се одлучи само на едно поле од животот, кога може да го има сето тоа.


„Отсекогаш сакав да имам деца и никогаш не би се откажала од семејството поради мојата кариера. Сакам да имам се”, изјавила Анистон.
За време на бракот со Бред Пит, актерката била подготвена за семејството и нова животна приказна, особено по десет години успешен ангажман во серијата „Пријатели“.
Наместо семејство, разводот се случи во 2005. година по пет години брак. Набргу по разводот, Бред Пит се појави во јавноста со својата нова девојка Анџелина Џоли. Само една година подоцна објави дека го чекаат своето прво дете.
Потегот на актерот ги наведе медиумите да се посомневаат дека Пит сака семејство, но дека Анистон не го сака истото и дека најверојатно тоа е причината за разводот. Сепак, обвинувањата многу ја вознемириле Џенифер.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)



„Не може да задржи маж“, „Не сака дете затоа што е себична и посветена на кариерата“…
„Како да кажам – немате поим што ми се случува приватно, медицински, зошто не можам или дали можам да имам деца. Не знаете ништо. Најчесто можам да седам и да се смеам на насловите бидејќи стануваат се’ поапсурдни“, рекла Анистон.


По долги години притисок да зборува за семејството и децата, актерката напишала писмо во кое изјавила дека жените се комплетни со или без деца во својот живот.


„Ние сме комплетни со или без партнер, со или без дете. Сами одлучуваме што е најдобро кога станува збор за нашето тело. Таа одлука е наша и само наша. Ајде да ја донесеме таа одлука за себе и за младите жени во овој свет кои не гледаат како пример. Да ја донесеме таа одлука свесно, вон таблоидната врева. Не мора да бидеме мажени или мајка за да бидеме комплетни. Можеме сами да си одредиме ‘среќен крај на животот’. Уморена сум да бидам дел од овој наратив. Да, можеби еден ден ќе станам мајка, ако некогаш станам, прва ќе ве информирам. Но, не сум во потрага по мајчинство бидејќи на некој начин јас се чувствувам нецелосно бидејќи модерната поп-култура сите нас не убеди во сето тоа“, напишала Џенифер Анистон.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …