Со падот на температурата и во зимскиот период најголема болка за возачите е чистењето на снегот од возилото, како и мразот кој се нафатил на стаклото во текот на ноќта.
Некои луѓе брзаат да стигнат на работа и тоа им претставува голем проблем поради губењето време.
Секој би сакал да има полесно решение од гребење.
Сепак, не треба да наседнувате на секоја идеја.
Германскиот автомобилски клуб (ADAC) предупредува дека не треба да прибегнувате кон брзи решенија и дека не треба да ги одмрзнувате стаклата со топла или млака вода.
Ова може да ве чини испукано или оштетено стакло.
Што може да се случи ако истурите топла вода на замрзнато стакло доказ е видеото кое се појави на социјалната мрежа Редит.
Еден сопственик на автомобил мислел дека најбрзиот начин да се одмрзне замрзнатото стакло е да се полие со топла вода, но тоа скапо го чинело.
Фото: Принтскрин/Reddit