Чаеви кои ќе ви помогнат да го отстраните вишокот течност од телото
Диуретиците му помагаат на телото да се ослободи од насобраната течност, односно вода и натриум. Тие главно делуваат така што пги поттикнуваат бубрезите да излачуваат поголеми количества натриум преку урината.
Покрај лековите со диуретични својства, многу намирници од растителна основа имаат слични својства.
1. Чај од глуварче
Проблемите со варењето се вообичаени, а тоа може да биде многу заморно во секојдневното функционирање. Поради неговите својства за детоксикација, способноста да ги неутрализира слободните радикали, овој чај може да биде корисен, според многу студии.
2. Зелен чај
Зелениот чај, исто како и црниот чај, има бројни корисни ефекти. Меѓу другото, тие се добри диуретици. Зелениот чај не само што не содржи калории, туку може да ви помогне да согорите маснотии и да ги намалите несаканите килограми. Подгответе свеж зелен чај без никакви адитиви.
3. Чај од магдонос
Магдоносот го поттикнува излачувањето на течностите од телото, па е многу корисен за здравјето на бубрезите и сите уринарни патишта. Коренот од магдонос делува како природен диуретик.
Освен што го поттикнува излачувањето на течности, го поттикнува и исфрлањето на солта од телото, што последователно влијае на намалување на крвниот притисок. Од слични причини, може да помогне во борбата против дебелината. Чајот од магдонос ја зголемува еластичноста на крвните садови, што го намалува ризикот од чести кардиоваскуларни заболувања.
Фото: Архива