(ФОТО) Анџелина Џоли по 21 година се повлече од УНХЦР

По 21 година служба, Анџелина Џоли се повлече од должностите на УНХЦР бидејќи сака да „работи поинаку“ и на пошироки хуманитарни прашања, објави во петокот УНХЦР.
– По 20 години работа во системот на ОН, чувствувам дека е време да работам поинаку, директно ангажирајќи се со бегалците и локалните организации, објаснила актерката, се вели во соопштението на УНХЦР.

View this post on Instagram

A post shared by USA for UNHCR (@usaforunhcr)


-Анџелина Џоли е важен хуманитарен партнер на УНХЦР многу долго време. Благодарни сме за нејзината децениска служба, нејзиниот ангажман и значењето што го имаше за бегалците и луѓето принудени да бегаат, изјавил високиот претставник на ОН за бегалци, Филипо Гранди.



Џоли била во повеќе од 60. мисии ширум светот, привлекувајќи внимание на медиумите кон прашањето на бегалците. Таа неодамна ги посети Јемен и Буркина Фасо.

Фото: Монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …