(ФОТО) СЕ’ ПОПОПУЛАРНИ – Вилијам и Кејт објавија нова семејна фотографија, им порачале: „Барем некој има достоинство!“

Принцот и принцезата од Велс споделија нова семејна фотографија на нивниот официјален Инстаграм профил, која беше објавена како божиќна честитка.
Фотографијата е направена во текот на летните месеци кога семејството се шетало по дворот на нивниот дом во Анмер Хол во Норфолк, а фановите веднаш забележале некои детали.

„Шарлот е копија на кралицата“, „Шарлот прераснува во убавица. Во неа ги гледам кралицата и Дијана“, „Мислам дека Шарлот многу личи на кралицата“, забележале дел од следбениците.
Сепак, многумина ја искористиле приликата да го коментираат документарниот филм на Нетфликс „Хари и Меган“, во кој Сасексите остро го критикуваа кралското семејство, особено кралот Чарлс и принцот Вилијам.



„Одлична фотографија. Само продолжи со своите обврски – никогаш не се жали, никогаш не објаснувај”, “Вака се однесува вистински принц”, “Мило ми е барем некој во семејството да има достоинство”, „Убава и достоинствена, каква разлика од оние двајца“, продолжуваат коментарите.
Потсетуваме, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл објавија документарен филм и ја шокираа јавноста со своите изјави и однесување, а многумина веруваат дека на тој начин всушност го изневериле кралското семејство.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …