(ВИДЕО) Селена Гомез во жестока расправија со обезбедувањето, луѓето тврдат дека тој ги туркал обожавателите на концертот

Селена Гомез присуствувала на концертот на Бијонсе во петокот, каде обожавателите го снимија моментот на нејзината расправија со еден член од обезбедувањето.
Имено, при пристигнувањето на концертот во Париз, Селена била забележана во жестока расправија со обезбедувач кој ја придружувал. Сè уште не е јасно која е причината за нејзината бурна реакција, но сепак се издвојуваат две причини.
Корисниците на социјалните мрежи шпекулираа дека мажот бил дел од нејзиното лично обезбедување бидејќи неколку пати бил забележан како ја следи за време на концертот и дека доцнењето на концертот било причината поради која таа го нападнала.


После тоа медиумите стапиле во контакт со нејзините претставници, но тие не дале никакви изјави за оваа ситуација.

Меѓутоа, многумина ја пофалиле на социјалните мрежи, бидејќи таа наводно ги бранела своите обожаватели од обезбедувањето кое ги туркало за време на средбата. Подоцна, фановите тврделе дека лицето од обезбедувањето било во друштво на нејзината пријателка Ракел Стивенс.
Селена Гомез беше една од многуте познати личности кои присуствуваа на настапот на Бијонсе на нејзината нова турнеја „Renaissance“, која започна на 10 мај. Покрај Селена, на концертот биле забележани и Натали Портман, Крис Џенер и Лени Кравиц.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …