(ФОТО) СУРОВИ КОМЕНТАРИ – Лана Дел Реј повторно мета на критики за изгледот: Што и се случува?

Американската пејачка Лана Дел Реј поради својот изглед повторно се најде на мета на критики од бројни корисници на социјалните мрежи.
Папараците ја фотографирале додека уживаше на плажа во Рио Де Жанеиро со своите пријатели. Набрзо на Твитер следеа сурови коментари од нејзините фанови кои веруваат дека таа има проблеми со тежината.
„Зошто си дозволи да изгледа вака?“, „Време е да се корегира. Што се случува со неа?“, „Срамота. Некогаш беше најубавата пејачка“, се само некои од нив.


Други истакнале дека никој не треба да се справува со такви критики. Пејачката не се огласила за ова и се чини дека воопшто не обрнува внимание на оние кои ја критикуваат без причина.
Таа завчера по четири години одржа концерт. Имено, таа настапи на фестивалот МИТА во Рио Де Жанеиро. Таа премиерно изведе четири песни од новиот албум „Did You Know That There’s a Tunnel Under Ocean Blvd?“. Секако, публиката имаше можност да ужива и во нејзините стари хитови.

Фото: Instagram/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …