(ВИДЕО) Се додворувал на атрактивна девојка во метро – Не можел да верува кога сфатил која е таа!

На сопственикот на ресторан, Мануел Де Лос Сантос,му се остварил сон – на улица сретнал славна личност, во која бил вљубен. Но, тој не ја препознал.
Неговата симпатија од светот на богатите и славните е актерката Ванеса Хиџинс, а ја запознал во метрото.
Ванеса танцувала, а Мануел подготвено и се придружил.
Иако снимањето на нивниот танц е направено пред две години, оваа недела на TikTok го сподели неговиот пријател Карлос Хулио Морило и стана таков хит што и самата Ванеса реагирала на тоа.

@carlosjuli0Truest subway story ever told @manuelyjosetv ##nyc ##nycsubway ##fyp ##foryou ##foryoupage


♬ original sound – carlosjuli0


Како што објаснил Карлос во видеото, Мануел забележал убава девојка која танцува во метрото и и’ се придружил, не сфаќајќи дека е позната актерка. После танцот, заедно се качиле во возот.
„Се претставивме еден на друг и почнавме да се запознаваме“, рекол тој за „BuzzFeed.“.
Сè се одвивало толку добро што Мануел решил да си ја испроба среќата.
„Тој започна да флертува со неа, но таа му рече дека има момче“, рекол Карлос.

@vanessahudgens##duet with @carlosjuli0


♬ original sound – carlosjuli0

Дури кога и се приближиле нејзините обожаватели и ја замолиле да се фотографира со нив после што Мануел сфатил со кого разговара.
„Повеќето луѓе не веруваат дека тој не ја препозна. Некои дури сметаат дека видеото е наместено“, додал Карлос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …