(ФОТО) Базенот Хамилтон  – Оаза среде пустина

Во срцето на пустината во Тексас, САД, во близина на градот Остин, се наоѓа базенот Хамилтон – зелена оаза која зафаќа заштитено подрачје од 0,92 квадратни километри, а кое е омилена локација за локалното население и многу туристи во жешките летни денови.

Базенот Хамилтон е природен извор формиран во варовникот на подземната река од која се појавуваат и бројни мали притоки, како и бујна вегетација што ги опкружува. Токму заради оваа подземна река, вегетацијата околу сливот на Хамилтон е исклучително богата, создавајќи ја оваа прекрасна зелена заштитена оаза.



Веројатно најголемата атракција во базенот Хамилтон е водопадот што паѓа „од таванот“, висок околу 15. метри. Покрај водопадот, на таванот има интересни формации на сталактити, а во дрвјата што го опкружуваат базенот, можете да најдете дури и некои видови ретки и загрозени птици.


Базенот Хамилтон е дел од природниот резерват Balcones Cayonlands и како таков, спаѓа во категоријата заштитени подрачја. Поради неговиот статус, важат следниве правила: нема риболов, планински велосипедизам, кампување или домашни миленици. Готвење и палење оган не е дозволено. Природниот базен и потокот не биле хемиски третирани, а редовно се следи квалитетот на водата, поради што од време на време може да се забрани пливањето во базенот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Собор на сите македонски Светители

Собор на сите македонски Светители Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски …